Блинкен: Русите има добиено и најверојатно ќе користат ирански балистички ракети за неколку недели

Американскиот државен секретар Антони Блинкен потврди дека Русите веќе добиле балистички ракети произведени во Иран.

Тој го изјави ова во Лондон на заедничката прес-конференција со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

Блинкен рече дека поради трансферот на оружје во Русија, Иран неминовно ќе се соочи со нови санкции, кои би биле воведени подоцна.

„Русија сега прими пратки со овие балистички ракети. Го предупредивме Техеран јавно, го предупредивме Техеран приватно, дека преземањето на овој чекор би било опасна ескалација“, рече американскиот државен секретар.

Дополнително, според Блинкен, во петок, на 13 септември, американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер за да разговара за тоа дали Украина може да удри длабоко во Русија со оружје со долг дострел.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами изјави дека тој и Антони Блинкен заедно ќе го посетат Киев оваа недела.

На прашањето дали испраќањето балистички ракети во Русија може да доведе до дополнителни санкции против Иран, иранскиот официјален претставник одговори дека „не може да биде полошо од ова“.

Земјите од Групата седум претходно ветија дека ќе воведат координирани санкции против Иран доколку испорача ракети на Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот