Блинкен пристигна во Берлин, руско-украинските тензии главна тема на разговорите

Блинкен во Берлин, заедно со германската министерка за надворешни работи Аналена Баеркбок/ Фото EPA-EFE/KAY NIETFELD / POOL

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Берлин на разговор со сојузниците со цел да се смират руско-украинските тензии, само еден ден по предупредувањето дека Русија наскоро би можела да ја нападне Украина, пишува Ројтерс.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека мисли оти претседателот Владимир Путин ќе ја нападне Украина, откако стави десетици илјади војници долж границата.

Тој истакна дека инвазијата од широки размери ќе резултира со американски одговор, што Русија и нејзината економија скапо би го платила.

Блинкен, кој претходно престојуваше во Киев, ќе разговара со претставниците на Германија, Франција и на Велика Британија, а утре во Женева ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Шефот на германската дипломатија во Берлин ќе одржи говор за тензиите во Европа и можните последици, изјави висок претставник на Стејт департментот.

Блинкен во говорот ќе ја прикаже кризата како клучен момент за меѓународен поредок заснован на правила, додаде претставникот.

Исто така, ќе истакне и дека Москва со своето дејствување го постави прашањето кога ќе престанат напорите да за обнова на советската империја, но и дека Вашингтон верува дека е можно дипломатско решение.

Американско-руските преговори претходната недела не донесоа резултати

Германија во вторникот сигнализираше дека би можела да го запре гасоводор „Северен тек 2″ доколку Москва ја нападне Украина.

Блинкен вчера напомена дека акумулацијата на руски војници се одвива „без провокација и без причина”.

Руски надворешно-политички аналитичари оценуваат дека утрешните разговори меѓу Блинкен и Лавров се „веројатно последната шанса” за постигнување договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот