Блинкен: Нема да ги принудуваме сојузниците да бираат меѓу САД и Кина

Фото: EPA-EFE/VIRGINIA MAYO / POOL

Соединетите Американски Држави нема да бараат од своите сојузници да избираат меѓу Вашингтон и Пекинг, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен во обрајќањето пред НАТО.

– САД нема да ги принудат сојузниците да избираат меѓу ние или тие. Државите ќе можат да соработуваат со Кина, каде е тоа можно, посочи Блинкен.

Во исто време тој наведе дека Кина „активно работи за поткопување на правилата на меѓународниот систем и вредности на САД и нивните сојузници.

Односите меѓу Кина и САД и сојузниците се влошени, откако западните земји воведоа санкции за кинески претставници поради кршење на човековите права на Ујгурите во Синџијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот