Блинкен: Не бараме од вас да изберете помеѓу нас и Кина

epa09094078 US Secretary of State Antony Blinken is welcomed by European Commission President Ursula von der Leyen (not pictured) ahead to meeting in Brussels, Belgium, 24 March 2021. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, во изминатите два дена го потврди новиот пристап кон сојузниците во НАТО, велејќи дека Вашингтон нема да ги принуди да избираат помеѓу САД и Кина.

– САД нема да ги принудат сојузниците да не изберат нас или нив кога станува збор за Кина, рече Блинкен, кој присуствуваше на состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел. Потоа во седиштето на Европската комисија разговараше со претседателката Урсула фон дер Лајен.

– Знаеме дека нашите сојузници имаат многу сложени односи со Кина, кои не секогаш се совпаѓаат, рече Блинкен.

Меѓу членките на Европската унија нема подготвеност да се влезе во конфликтни односи со Кина, како што бараше Доналд Трамп. На крајот на минатата година, ЕУ потпиша договор за инвестиции со Кина, за кој најмногу се залагаше Германија.

Од друга страна, има многу членки на ЕУ кои не се задоволни од овој договор, бидејќи сметаат дека Кина не ги исполнува политичките услови за ваков договор. Оваа недела ЕУ воведе санкции за поединци во Кина поради кршење на човековите права на припадниците на муслиманското малцинство Ујгури, на што Пекинг одговори со воведување санкции за некои европски дипломати и членови на Европскиот парламент.

Блинкен рече дека Кина го поткопува меѓународниот трговски систем, воспоставен по Втората светска војна.

– Тие активно работат на поткопување на правилата на меѓународниот систем и вредностите што ги споделуваме ние и нашите сојузници. Ако работиме заедно за да ја создадеме нашата позитивна визија за меѓународниот поредок, убедени сме дека можеме да ја надминеме Кина на кое било поле, истакна Блинкен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот