Блинкен на неформален состанок на НАТО во Берлин

Ентони Блинкен, државен секретар на САД/ Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во рамките на тридневното патување до Обединетите Арапски Емирати и Франција, ќе го посети и Берлин, каде од синоќа се одржува неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.

Стејт департментот соопшти дека сојузниците и партнерите ќе разговараат за единствен одговор на континуираната брутална војна на Русија против Украина и за претстојниот Самит во Мадрид.

Во соопштението се истакнува и дека сојузниците ќе усвојат нов стратешки концепт на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот