Блинкен му ја нагласи на Галант потребата од јасен план за повоениот ангажман во Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ќе му ја нагласи на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант потребата Израел да излезе со јасен и реален план за управување со Појасот Газа по завршувањето на војната, објави американскиот Стејт департмент.

На редовниот брифинг, портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер посочи дека во разговорите со Галант, американскиот дипломат број еден ќе разговара и за потребата да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот во Газа и да се подобри хуманитарниот пристап до палестинската енклава.

Израелскиот министер за одбрана е во посета на Вашингтон и ќе се сретне со високи американски претставници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот