Блинкен и Гебејеху во Најроби разговараа за регионалните прашања во Африка

Ентони Блинкен
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/DANIEL IRUNGU

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Најроби се сретна со Воркне Гебејеху, извршен директор на Меѓувладината управа за развој (ИГАД), јави денеска портпаролот Нед Прајс.

На средбата се разговарало за регионални прашања, вклучително и за ситуацијата во Етиопија, Судан, Јужен Судан и Сомалија. ИГАД е трговски блок што осум земји од источна Африка.

– Државниот секретар ја истакна потребата од неодложно запирање на сите непријателства во Етиопија и укажа на тоа сите страни да почнат преговори, кажа Прајс.

За Судан, државниот секретар охрабрил одржливи регионални напори за враќање на премиерот Абдала Намдок и граѓански водената транзициска влада во склад со Уставната декларација, укинување на вонредната состојба, ослободување на сите задржани граѓани по воениот пуч, и овозможување на мирни демократски демонстрации.

Блинкен ја потврдил заложбата на САД за луѓето во Јужен Судан и ја нотирал потребата Џуба да соработува во градењето мир и безбедност.

За Сомалија, тој ја истакнал потребата од важноста да се завршат сомалиските национални избори до крајот на оваа година и американската поддршка за реструктуризација на мисијата водена од Африканска Унија за преземање меѓународни безбедносни напори по 2021 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот