Блинкен: Додик тргна по патот на Путин

Милорад Додик
Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Нападите на Милорад Додик врз основните права и слободи во Република Српска покажуваат дека тој се наоѓа на авторитарниот пат на претседателот Путин, напиша денеска на Твитер државниот секретар на САД,Ентони Блинкен.

Додик е претседател на Република Српска, претставник на заедницата на босанските Срби во земјата и член на претседаталството на БиХ.

Тој е под американски санкции со години, а деновиве дополнително ги наруши односите со САД и Британија, објавувајќи дека ги прекинува односите со нивните дипломатски претставници во БиХ поради тоа што се мешаат во внатрешните работи.

Блинкен во твитот додава дека американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи, „продолжува да се залага за демократска и просперитетна иднина која ја заслужуваат сите граѓани на Босна и Херцеговина“.

Додик: Република Српска ќе прогласи независност доколку Шмит го наметне законот за имот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот