„Блиц“: Трамп бара Србија да го признае Косово

САД бараат од Србија да го признае Косово, а притисок се најавува и од Европската Унија. Ваква порака добил српскиот претседател Александар Вучиќ од посредник на американскиот претседател Доналд Трамп, објавува српски „Блиц“.

По посетата на специјалниот претставник на американскиот претседател Трамп за разговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, беше јасно дека работите излегоа од контрола. „Блиц“ објавува дека Трамп преку посредникот порачал дека Србија мора да го призне Косово.

– Тоа беше еден многу тежок разговор. Гренел буквално постави услов – Србија мора да го призне Косово. Тој исто така рече дека Америка ќе влијае на Европската унија да го зголеми притисокот врз официјален Белград – рекол за „Блиц“ соговорник кои ги знае деталите.

Дека притисокот за признавање на Косово е зголемен, „Блиц“ тоа го препознава во изјава на Вучиќ за весникот „Стандард“, отфрлајќи ја можноста Белград да го признае Косово и границата, додавајќи дека е малку веројатно дека воопшто ќе биде признаено Косово.

– ЕУ досега не ја условувала Србија во преговорите за Косово, но од Американците слушнавме дека тоа се променило. Не можам да ја исклучам можноста ЕУ да побара признавање на Косово – навел Вучиќ.

Прашан дали Србија некогаш ќе го признае Косово како рамноправна членка во меѓународната заедница, Вулиќ одговорил дека тоа за Србија е тешко прашање, потсетува медиумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот