Блиц: Вучиќ понудил решение за ситуацијата во Косово, но тоа било одбиено

Александар Вучиќ/Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска понудил предлог решение за постигнување компромис во врска со новата ситуација на административните премини меѓу северно Косово и централна Србија, но албанската страна го одбила тој предлог, дознава „Блиц“.

По тој повод, Вучиќ денеска околу 18 часот треба да и се обрати на јавноста, вели извор од „Блиц“ од кабинетот на претседателот на Србија.

„Претседателот Вучиќ ќе објасни зошто мораше да ги отфрли понижувачките предлози што Косоварите преку посредници ги испратија во Белград – вели изворот на „Блиц“.

Косовската полиција постави контејнери во близина на преминот Јариње, граѓаните вознемирени, сметаат дека е провокација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот