Блесна во Скопје, сега е пред трансфер во Интер!

twitter.com/oefb1904

Валентино Лазаро со своите перформанси ги привлекува европските великани, а како што пренесуваат италијанските медиуми се договорил со Интер.

И покрај интересот од францускиот шампион се очекува во текот на летниот период Лазаро да ја продолжи кариерата на „Џузепе Меаца“ за сума од 20-25 милиони евра.

Новиот тренер Антонио Конте веќе го крои составот за наредната сезона, Лазаро како десно крило одлично би се вклопил во формацијата 3-5-2.

Следната недела се очекува да се финализираат сите детали во преговорите Херта Берлин и Интер околу трансферот на репрезентативецот на Австрија.

Пред да се пресели во Германија, беше дел уште од екипите на Ред Бул Салцбург и Лиферинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот