Блескаво деби на Нуни Омот, МЗТ Скопје со убедлива победа ја стартуваше сезоната – Слободен печат
КошаркаСпорт

Блескаво деби на Нуни Омот, МЗТ Скопје со убедлива победа ја стартуваше сезоната

Македонскиот претставник во АБА2 лигата на убедлив начин ја започна сезоната во регионалното натпреварување.

Екипата на МЗТ Скопје со победа ја отвори новата сезона каде ја очекуваат настапи на три фронта, во домашните првенство и Куп и во АБА2 лигата. „Металците“ со високи 110:88 ја победија Слобода Тузла во последниот натпревар од првото коло во АБА2 лигата.

Кошаркарскиот на македонскиот шампион беа доминантни во текот на целиот натпревар во кој одлично функционираше главното оружје, шутот за три поени со постигнати дури 19 тројки од само 31 обид.

Отпорот на кошаркарите на Слобода беше конечно скршен во финишот на третата четвртина кога кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа до предност од 14 поени (83:69) по што до крајот рутински ја одбработија задачата и дојдоа до убедлив триумф од 22 поени.

Одлично деби пред домашните навивачи имаше новиот член на „металците“, Нуни Омот кој постигна 33 поени и имаше фантастичен шут од игра со само едно промашување (6/6 за три поени, 7/8 за два поени. Покрај Омот, одлична партија прикажаа и Дамјан Стојановски со 16 поени, Бојан Крстевски со 13, Андреј Магдевски со 12, и Џабари Хиндс и Андреј Маслинко со по 11 постигнати поени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close