Блескаше во Работнички, почина еден од највисоките одбојкари на светот – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Блескаше во Работнички, почина еден од највисоките одбојкари на светот

Како што пренесуваат бугарските медиуми, на 43-годишна возраст почина Христо Модев, „џин“ кој беше страв и трепет за секој противник на одбојкарките терени.

Модев на клупски план настапуваше за Работнички со кој пред 12 години го оствари најголемиот успех со пласман на Фајнал-фор турнирот на европскиот „Топ тим“ куп во организација на ЦЕВ.

Воедно е и поранешен член на екипите на ЦСКА и Славија, доби и македонски пасош да настапува и за нашата најдобра репрезентација, а исто така беше дел и од одбојкарските мечеви на плажа.

Модев со своите 217 сантиментри беше еден од највисоките одбојкари, поточно се рангираше како трет највисок одбојкарски играч на светот.

Се ожени во Скопје, неговата сопруга Валентина е исто така одбојкарка, стана татко на две ќерки, Габриела и Климентина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close