Блерим Беџети и Муса Џафери сведоци на денешното рочиште за „Монструм“

Судењето за „Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Поранешниот министер за правда и актуелен градоначалник на Општина Сарај, Блерим Беџети, предвидено е денеска да сведочи на рочиштето за случајот „Монструм”. Како сведок на судењето треба да се појави и Муса Џафери, поранешен вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

При презентација на „бомбите” од страна на обвинителката Фатиме Фетаи, јавноста имаше можност да слушне како Беџети и Џафери, комуницирале со други лица во однос на овој предмет.

Воедно, на оваа рочиште треба да се појави и сведокот Зоран Трајковски (полициски службеник) кој во „бомбите”, се слуша како комуницира со друго лице и објаснува дека на Синиша Алексовски му пренел дека пред 12 април може да се случи некој немил настан, напад на полициска станици и слично. Во однос на оваа прашање Алексовски (поранешен советник за безбедност во кабинетот на екс претседателот Ѓорѓе Иванов ) потврди дека имал комуникација со Трајковски. Добил од него усна информација дека има движења на екстремистички групи кои би можеле да нападнат полициски станици, но дека не му била потврдена.

На претходните рочишта за петкратното убиство на Смилковско Езеро, сведочеше речиси целиот врв на МВР од 2012 година.

Прочитајте и...  На Австралија и се заканува најсилната бура во последните 10 години, бранови до осум метри

Судењето за „Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм” го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Прочитајте и...  Заев со честитки за Св. Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам

Прочитај повеќе

Кој е посилен од државата?

Чулев: СВР Струмица ги истражува донациите и дали лицата кои ги делеле ги почитувале мерките за Ковид-19

Слободен печат

Кумановци горди на двајцата доктори сограѓани беа дел од тимовите за трансплантација на срце и бубрези

Слободен печат

Протести во Минск против кандидатурата на Лукашенко за шести мандат

Слободен печат

Во Грција основните училишта и градинките се отвораат од 1 јуни

Слободен печат

Манчевски: Ако нема избори на 21 јуни, тогаш мора да се продолжи вонредната состојба

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Се слави во Чаир: Оро за време на полициски час? (ВИДЕО)

Слободен печат

Скоро пет и пол милиони лица заразени со Ковид-19

Слободен печат

Земјотрес го погоди Иран, најмалку 6 лица повредени

Слободен печат

Јовески: Поради новонастаната состојба одредени дејствија се одлагаат или не се преземаат

Слободен печат

Најмалку 107 лица заразени со коронавирус на миса во Франкфурт

Слободен печат

Драма во Сараево: Мечка се бори за својот живот, едно младенче е фатено, другото се уште се бара (ВИДЕО)

Слободен печат