Блејк Лајвли го избриша својот Инстаграм, а потоа се појави ова видео! (ВИДЕО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Блејк Лајвли го избриша својот Инстаграм, а потоа се појави ова видео! (ВИДЕО)

Сите заеднички објави со Рајан, нивните деца, проектите... се исчезна.

Прекрасната актерка Блејк Лајвли (32), сопругата на холивудскиот заводник Рајан Рејнолдс (43) со кој има три деца, изненади многумина кога го избриша својот инстаграм-профил.

Блејк и Рајан се познати по своите шеги на оваа социјална мрежа, меѓутоа сега се изчезна, сликите со децата, шегите, објавите за проекти…се!

Потоа, на потполно празен профил се појави видео клип, поточно трејлер кој го најавува нејзиниот нов филм „The rhythm section“, кој излегува во јануари 2020 година, а во кој Блејк ја игра главната улога.

Така се стана јасно. Ова е еден од нејзините инстаграм-трикови, со оглед на тоа што Блејк и минатата година го направи истото за да го промовира филмот „A Simple Favor“.

Tака што нема потреба од загрижување, се е во ред и Блејк ќе се врати. До тогаш ќе уживаме во трејлерот:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close