Блажева: Да не дозволиме стравот да завладее со нашето секојдневие

Гостинка во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше д- р Ана Блажева, психотерапевт и научен соработник во Институтот за општествени и хуманистички науки Скопје.

Во ситуација на пандемија, на светско ниво постои страв од неизвесност. Често се зборува за паника, но треба да се знае што всушност претставува таа.

-Јас би зборувала повеќе и за стравот, бидејќи во основа паниката е манифестација на страв. Она што е важно во овие моменти е да знаеме дека стравот е силна, моќна емоција, реакција, кога се соочуваме со закана, без разлика дали е реална или на некој начин антиципирана. Реакциите на стравот можат да бидат најразлични. Сите манифестации на некој начин, се во функција на нашата заштита. Затоа има толкава сила и моќ. Ние денес живееме во комплексен свет. Кога се плашиме, тоа може да најде безброј варијанти како ќе се манифестира и на некој начин целата комплексност придонесува и да се чувствуваме недоволно сигурни во моментот на информациите кои ги имаме и институциите кои треба да ги спроведуваат мерките за заштита, вели Блажева.

Потребно е граѓаните да направат разлика меѓу паниката и стравот.

-Она што сега го нарекуваме паника е во ситуација во која нешто ново се случува. Треба да го смениме целосниот начин на функционирање. Тоа го носи стравот од непознатото, кое може да предизвика силна реакција. Паниката е одговор на нешто што е моментално и се чувствуваме дека сме под дирекна закана. Оваа ситуација не е моментална закана, туку еден предизвик, кој ние треба да почнеме да го прифаќаме и да се адаптираме. Кога викаме паника, мислиме на начини на нерационално однесување, но тие се повеќе реакција на нашиот страв. Во оваа ситуација е нешто што бара од нас да направиме големи промени во секојдневното функционирање, објасни Блажева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот