Блатер: Сакаат да го направат фудбалот „машина“ за правење пари!

фото: твитер

Поранешниот шеф на ФИФА смета дека Инфантино го води фудбалот во тотално погрешна насока.

Поранешниот претседател на Светската фудбалска организација (ФИФА) остро го критикуваше својот сонародник и наследник на таа позиција, Џани Инфантино, кого го нарече мегаломанец заради начинот на кој ја води „најголемата фудбалска компанија“ во светот.

Да потсетиме, Сеп Блатер неславно го заврши својот мандат како претседател на ФИФА кој траеше 17 долги години. Беше обвинет за корупција, а потоа и сменет во 2015 година, а Инфантино го презеде управувањето со организацијата.

Блатер проценува дека секој нов проект инициран од ФИФА последниве години има мегаломанска линија.

Ми се чини дека Инфантино сака да го отвори патот за нов претседателски мандат – рече Блатер за швајцарската агенција „Keystone-ATS“.

Сака да го претвори фудбалот во една голема „машина“ за правење пари. Планира Светско првенство со дури 48 репрезентации, „проектот ГОЛ“ кој беше преименуван, сака трипати повеќе пари. Исто така и поголемо Светско клупско првенство, со 24 екипи, дури и да го прошири женското СП од 24 на 32 репрезентации. Тоа не е можно, тешко е да се реализира – додаде Блатер.

Екс шефот на ФИФА е сигурен дека Инфантино го води фудбалот во тотално погрешна насока.

Тој си игра со себе затоа што е опседнат со самиот себе. Тој стана мегаломанец. Во својата ароганција, тој повеќе не им се обраќа на претседателите на организациите, туку само на шефовите на државите – се зборовите на Блатер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот