Бламирање во Рим: Популарниот глумец нападнал непозната жена

Facebook

Италијанските медиуми пишуваат како глумецот Хју Грант се посрамил среде Рим. Имено, тој се шетал низ градот со својата сопруга Ана, а во текот на прошетката наишле на претставничка на компанијата АМА која ги снимала работниците како фрлаат отпад во дел кој не е наменет за тоа.

Додека снимала, во кадарот ѝ влегла сопругата на Грант.

Во исечокот што го објавиле италијанските медиуми може да се слушне како сопругата на глумецот се буни поради снимањето, а потоа се вмешува и Грант.

„Не стојте пред жена ми“, рекол тој, а потоа го зграпчил телефонот.

Претставничката на АМА рекла дека воошто не го препознала Хју Грант и дека не ги снимала нив.
„Грант, кој беше зад мене ми го грабна мобилниот. Откако му го земав му реков дека не е пристоен“, изјавила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот