Благотиншек: Имавме големи проблеми во минатото со Македонците!

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Македонската сениорска репрезентација утре ќе го продолжи настапот на Светското првенство во Египет со три нови натпревари во главната фаза.

Таму без бодови во новоформираната група „4“ стартуваме без бодови, а прв ривал в среда од 15.00 часот ни е селекцијата на Словенија.

Во истиот термин од 15.30 часот во Каиро ќе ги играме и останатите два меча, на 22 јануари против Русија, и на 24 јануари против Белорусија.

Словенците стартуваат со два бода и ја имаат фаворитската улога, но селекторот Данило Брестовац и неговите ракометари ветуваат дека ќе го дадат максимумот и на следните три дуели.

Брестовац: Победата над Чиле може да биде позитивен знак

Против Словенците се сретнавме во осминафиналето на СП во 2015 година кога загубивме со 30:28. Имавме пораз и на Мундијалот две години подоцна во групната фаза (29:22).

На еврошампионатите имаме триумф во 2012 година во борбата за петтото место (28:27), а бевме подобри и во 2018 година во Загреб славејќи исто така минимално со 25:24.

– Против Македонците во минатото игравме многу натпревари, имавме големи проблеми и на крајот сме биле поразени. Мораме да бидеме фокусирани од првата до последната минута, само така можевме до нови победи на СП – вели 27-годишниот словенечки репрезентативец, пивотот Блаж Благотиншек, соиграчот на Дејан Манасков во унгарскиот клуб Веспрем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот