Благајник си „присвоил“ 650 илјади денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Б.(39) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, информира МВР.

На 07.08.2019 полициски службеници, при попис во спортска обложувалница во Делчево, констатирале дека пријавениот, вработен како благајник, противправно присвоил парични средства во износ од 650.000 денари, со што ја оштетил спортската обложувалница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот