Благајничка украла половина милион денари од партиципација

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување, финансовата полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето Л.Р. во својство на Благајник во ЈЗУ Институт за јавно здравје.

Л.Р. со цел да прибави противправна имотна корист за себе, во текот на 2016 година во повеќе наврати присвоила доверени парични средства од извршена наплата од пациенти во благајната на Институтот, при што затаила вкупен износ од 547.329 денари, со што го оштетила Буџетот на ЈЗУ Институт за јавно здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот