Благ раст на активните субјекти во минатата година

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Северна Македонија, во 2018 година изнесува 72.315 и во однос на 2017 година е зголемен за 1.3 %. Ова зголемување главно се должи на зголемувањето на бројот на активните деловни субјекти во секторот Информации и комуникации (9.9 %, односно за 167 субјекти), Други услужни дејности (8.5 %, односно за 377 субјекти) и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (8.1 %, односно за 14 субјекти). Во 2018 година, во однос на претходната, секторот Земјоделство, шумарство и рибарство бележи намалување на бројот на активни деловни субјекти за 2.2 %.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти по сектори на дејност покажуваат дека во 2018 година најголемо учество имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 31.7 % и Преработувачка индустрија со 11.1 %. Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (0.3 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (0.3 %) и Рударство и вадење камен (0.3 %).

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 79.1 % имаат деловните субјекти со 1 до 9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјектите со неутврден број вработени (без податок за вработени) со 11.4 %, па субјектите со 10 до 19 вработени со 4.3 %, потоа субјектите со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 2.9 %, со 1.9 % учествуваат субјектите со 50 до 249 вработени и само 0.3 % од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот