Благ пораст на европските берзи – Слободен печат
ВестиЕкономија

Благ пораст на европските берзи

Индексот „STOXX 600“ на водечките европски акции утрово беше во плус од 0,2 проценти.

Цените на акциите на европските берзи заблежеаа благ пораст, но се тргува претпазливо поради незивесноста во врска со Брегзит.

Индексот „STOXX 600“ на водечките европски акции утрово беше во плус од 0,2 проценти.

Притоа лондонски „FTSE“ се зголеми за 0,35 посто, на 7.175 бодови, додека франкфуртски „DAX“ порасна за 0,40 проценти, на 12.680 бодови. Париски „CAC“ стагнираше и изнесува околу 5.635 бодови.

Порастот на индексот во најголем дел се должи на растот на цената на акции во банкарскиот и осигурителниот сектор за повеќе од еден процент.

Сепак, тргувањето е внимателно поради забавувањето на растот на најголемите светски економии, како и неизвесноста во врска со Брегзит.

На крајот на минатата седница 27-те членките на ЕУ на состанокот во Брисел го одобрија новиот обновен договор за излезот на Велика Британија од Заедницата, но британскиот парламент во саботата не расправаше за тој договор, туку побара од премиерот Борис Џонсон од ЕУ да побара повторно одложување на Брегзит.

Тоа Џонсон и го стори, но во писмото на Унијата кое не го потпиша. Но, тој испрати уште една порака во која стои дека тој лично не сака одложување.

И на азиските берзи цената на акциите утринава благо пораснаа, па „MSCI“ индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во плус од 0,2 проценти.

На берзата во Токио, пак „Nikkei“ индексот се зголеми на 0,25 проценти или 22.548 бодови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close