Благ пад на семејното насилство во Кочани

Вкупно 29 пријави за семејно насилство биле евидентирани од почетокот на годината до средината на овој месец во меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Кочани, што е за десетина отсто помалку во споредба со истиот период лани.

Кај сите пријавени случаи жртви на насилството биле жени и деца, а само за една пријава е евидентирано дека жртвата е машко лице.

-Вкупниот број на евидентирани случаи на семејно насилство се однесува на општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци за кои е надлежен нашиот Центар и ние постапуваме по пријава од полициските служби или од самите граѓани кои биле жртви на насилството. Согласно законската регулатива и во зависност од тежината на случајот преземаме соодветни мерки за заштита. Кога се работи за дете или лице кое е со ограничена или одземена деловна способност и не може да се грижи за себе, тогаш постапуваме и без согласност од родителот или старателот, истакна Васка Анастасова, психолог во Центарот за социјални работи во Кочани.

Во состав на меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Кочани функционира и таканаречен шелтер центар, кој е еден од четирите во државата, каде привремено се згрижуваат жртвите на семејно насилство.

Центарот се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден за елиминација на насилството кон жените преку кампањата „16 дена активизам” со која преку работилници и директни контакти со потенцијални жртви се работи на надминување на предрасудите за прикривање на насилството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот