БЛА, БЛА, БЛА: Јаја Туре удри по ФИФА!

twitter.com/CityBib

Поранешниот играч за врска на Барселона и Манчестер сити ја обвини Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) дека не е заинтересирана да го реши проблемот со расизмот.

Зборовите на Туре доаѓаат после навредите кои ги претрпеа англиските репрезентативци на гостувањето во Софија на натпреварот од квалификациите за пласман на ЕП 2020.

– Често околу тоа се зборува, бла, бла, бла…И што се случува? Луѓето од ФИФА не се грижат за овој проблем, ова многу долго трае. Загрижен сум и многу ме лути ситуацијата – рече Туре, а пренесува „Л`Екип“.

Сегашниот член на кинескиот Киндао повеќе пати го подигна гласот да се реши проблемот околу расизмот на стадионот, додека уште беше капитен на Сити.

Досега ФИФА и УЕФА ваквите немили настани ги решаваа со парични казни и затворање на стадионот за клубовите и репрезентациите за расистички навреди и извици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот