Бјорн Улвеус од АББА: Нашата група има толку глупаво име, но немавме избор

АББА / Фото: Andre Csillag / Shutterstock Editorial / Profimedia

Бјорн Улвеус, еден од четирите членови на АББА, изјави дека шведската поп-група има „толку глупаво име“, што го делат и со „многу позната фабрика за харинга во Шведска“.

„Кога бевме само делумно познати, а доста познати во Шведска, ја снимивме првата плоча под името Агнета, Бени, Бјорн и Ани-Фрид. можеш да замислиш, па ни ги намалија имињата на иницијалите АББА“, раскажа Улвеус, кој ја основа групата со Агнета Фелтског, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад.

АББА / Фото: ROGER TURESSON / AFP / Profimedia

И покрај тоа што смета дека името не е добро, музичарот вели дека немале избор.

„Исто така, тоа е име на една многу позната фабрика за харинга во Шведска – маринирана харинга, која е многу популарна во Шведска. И моравме да побараме од нив дозвола да го користиме истото име“, рече тој.

АББА / Фото: Per Kagrell / AFP / Profimedia

Улвеус вели дека би било супер ако имале „кул име како Ролинг стоунгс или нешто слично“.

„Но, ете сме – како АББА“, вели тој.

ФОТО+ВИДЕО | Легенди на светската музика: Кралот на Шведска им додели витешки титули на членовите на АББА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот