Бјелогрлиќ и Јоксимовиќ ќе снимаат филм за Тома Здравковиќ, популарниот „поет на тагата“

Instagram

Како што соопштија членовите на продукцијата, снимањето на филмот „Тома“, за животот на познатиот пејач за Тома Здравковиќ почнува викендов.

Улогата на Тома Здравковиќ ќе ја толкува Милан Мариќ, а пејачката Силвана Арменулиќ, чиј лик исто така ќе се појави во филмот, ќе ја глуми Тамара Драгичевиќ. Многумина тврдат дека случајната средба меѓу Тома и Силвана во голема мера ја одредила нивната кариера.

Тамара Драгичевиќ и Милан Мариќ/Instagram

Филмот „Тома“ ќе биде резултат на здружените сили на Драган Бјелогрлиќ, Жељко Јоксимовиќ и Бане Обрадовиќ.

„Тома Здравковиќ го викаа поет на тагата. Пееше од душа и за душа. Го сакаа сите. И оние кои не слушаат народна музика сакаа да го слушаат Тома. И денес, 30 години по неговата смрт, неговите песни се слушаат и се нарачуваат по кафеаните“, рекол Бјелогрлиќ за Н1.

Силвана Арменулиќ/Instagram

Се шпекулира дека премиерата на филмот ќе биде на 30 септември 2021 година, кога е годишнината од смртта на познатиот пејач.

Тома Здравковиќ/Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот