Бизнисмените во Варшава протестираа против мерките на рестрикција (ВИДЕО)

Неколку стотици демонстранти, на покана на кандидатот за претседател на Полска, претприемачот Павел Танајн, се собраа почитувајќи ја пропишаната оддалеченост од два метра, со маски на лицето пред Палатата за култура и наука во Варшава, каде донесоа ковчег во кој симболично ги погребаа граѓанските права.

„Дејствувајте како да сте на прошетка. На чекорите поставуваме крст од свеќи и цвеќиња. Тоа е симбол на крстот што е поставен врз рамениците на граѓаните“, рече Танајн на почетокот на протестот.

Демонстрантите беа опкружени со силни полициски сили, предупредувајќи преку мегафон дека протестот поради санитарните мерки во врска со корона ,е нелегален.

Иако демонстрантите извикуваа дека „сè уште никој не ја забранил прошетката“, полицијата започна да ги дели демонстрантите во групи со кордони додека одеа на протестен марш низ центарот до палатата на полскиот претседател Анджеј Дуда.

Организаторот Танајн, по расправијата со полицајците и обидот за пробивање на кордонот, е уапсен додека полицијата продолжила да ги раздвојува демонстрантите и да ги легитимира.

“Нема согласност за напад врз полицајци. Ако некој крене рака против полицаец, нè принудува да реагираме решително. Потврдуваме дека Павел Танајн е уапсен за напад на службено лице за време на нелегален собир”, изјави портпаролот на полицијата во главниот град, Силвестер Марцак за полската приватна телевизија Полсат.

Портпаролот потсети дека целиот протест е нелегален и рече дека полицијата прибегнала кон сила во случајот на агресија на демонстрантите против полицијата.

Ова е шести протест на полските бизнисмени незадоволни од мерките за ограничување во сузбивањето на епидемијата на коронавирусот, па дури и повеќе со мерките донесени од полската влада на премиерот Матеуш Моравиецки за помош на замрзнатата економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот