Во администрацијата се пополнуваат испразнетите места од 2017 година

79
Фото:Борче Поповски

Со објавените огласи за вработувања во јавната администрација се пополнуваат испразнетите места од втората половина од 2017 година и тоа нема да направи зафаќања во Буџетот.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање во врска со објавените огласи за вработувања во јавната администрација по потпишувње на договор меѓу ЕБРД и ЕЛЕМ за фотонапонска електрана Осломеј.

-Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа година. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проценти, а некаде и 10 во некои институции, посочи премиерот и побара да се погледнат податоците за бројот на администрацијата во минатите години и сега.

Во однос на минималната плата рече дека целата постапка ќе биде транспарентна, преку дијалог со синдикатите и работодавачите.

-Имаме намера да отвориме дијалог за минималната плата со синдикатите и со работодавачите. Ние сме убедени дека во едно праведно и солидарно општество државата треба да преземе вакви чекори, а тоа да не биде на штета на никој од учесниците во постапката. Претходната корекција на минималната плата помогна да се раздвижи спиралата за зголемување и на другите плати, изјави Заев.