Владејачкото мнозинство бара пролонгирање на законот за пазари за една година

40
Фото: Слободен печат

По притисокот на пазарџиите пратениците го повлекуваат Законот за трговија на зелените пазари за една година. Парламентарното мнозинство призна дека направила грешка и сега најавува дека ќе се прават измени на Законот, јавува Алсат.

– „Верувам дека ќе постигнеме договор, како и што беше предлог Законот во нивна полза од причина повторувам уште еднаш, Законот, текстот беше предложен од пазарџите што се занимаваат со ова дејност“, рече Ејуп Алими од ДУИ.

Од ЛДП кои се дел од парламентарното мнозинство велат дека се за јавна дебата, но не за општа расправа.

– „Јас лично и како партија сметаме дека 1,5 до 1,8 милиони евра да се земаат од граѓаните и да одат во некоја приватна комора за мене е неприфатливо. Да одеа во државата можеби и ќе сфатев, иако бевме против државата да зголемува приходи“, рече Горан Милески, ЛДП.