„Триглав” со барање за основање ново пензиско друштво

Процесот за основање, посочуваат од МАПАС, ќе се одвива под целосна контрола од страна на Агенцијата согласно македонското законодавство во најдобар интерес на пензискиот систем.

121
Словенија знаме

Заваровалница Триглав д.д. од Република Словенија достави Барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, информира Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Процесот за основање, посочуваат од МАПАС, ќе се одвива под целосна контрола од страна на Агенцијата согласно македонското законодавство во најдобар интерес на пензискиот систем.

-Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови, велат од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.