ОПЕК најави намалување на дневното производство на нафта

Сухаил Мохамед ал Мазроеи, претседател на Конференцијата на ОПЕК и министер за енергетика на Обединетите Арапски Емирати изјави дека ОПЕК донело одлука за намалување на дневното производство за 800 илјади барели нафта.

51

Членките на Организацијата земји-извознички на нафта (ОПЕК) и државите кои не се членки на таа група, на денешната средба во Виена донесоа одлука за намалување на дневното производство на нафта.

Сухаил Мохамед ал Мазроеи, претседател на Конференцијата на ОПЕК и министер за енергетика на Обединетите Арапски Емирати изјави дека ОПЕК донело одлука за намалување на дневното производство за 800 илјади барели нафта.

– Земјите кои не се членки на ОПЕК, исто така, одлучија дневното производство да го намалат за 400.000 барели. Значи, донесена е одлука за намалување на производството за 1,2 милиони барели нафта – изјави Ал Мазроеи на прес-конференцијата по одржаната средба.

Тој рече дека разговорите траеле подолго од очекуваното, но изрази задоволство од „успешната одлука, која на крајот успеале да ја донесат“. За носењето таква одлука, тој посебно се заблагодари на Русија и државите кои не се членки на ОПЕК.

Одлуката за намалување на дневното производство на нафта ќе почне да се применува во јануари 2019 година и ќе трае шест месеци.