На ФЕИТ ќе почнат со работа две фотоволтаични централи

Едната централа е донација од ОКТА, а другата е набавена во рамките на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици“, како и со сопствени средства на Факултетот.

136

На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, денеска ќе бидат пуштени во употреба две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 КW.

Едната централа е донација од ОКТА, а другата е набавена во рамките на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици“, како и со сопствени средства на Факултетот.

Проект на ФЕИТ треба да придонесе за енергетска ефикасност на објектот, се заштедуваат средства, но и се придонесува кон заштита на животната средина и намалување на загадувањето.

На настанот e најавено присуство на министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје Димитар Ташковски и главниот извршен директор на ОКТА Јанис Геруланос.