Инспекторатот за труд да информира дали фирмите исплатиле К-15

105

На првата седница во 2019-та година, Владата го задолжи Државниот инспекторат за труд да изготви детална информација, во однос на тоа како се спровела исплатата на регресот за годишен одмор, К-15, соопшти Владата.

Инспекторатот треба да информира дали и какви мерки се преземени за компаниите коишто не ја испочитувале оваа обврска.