Еврото почнува да ја губи вредноста, по падот на индустриското производство во Германија

Според последните податоци, индустриското производство во најголем дел од европските економии во декември паднало за 0,4 отсто, по ревидираниот 1,3 постотен пад во ноември.

229

Вредноста на еврото падна во однос на доларот откако се објавени информациите за падот на индустриското производство на германската економија.

Еврото ослабе за 0,2 отсто во однос на доларот и со него се тргува со 1,1346 долари, што е најниска цена во изминатите две недели.

Според последните податоци, индустриското производство во најголем дел од европските економии во декември паднало за 0,4 отсто, по ревидираниот 1,3 постотен пад во ноември. Според аналитичарите, очекувањата биле дека ќе има раст од 0,7 отсто.