Државата ќе дава по 5.000 евра субвенција за електрично возило и до 300 евра за плински уред

Обновување на возниот парк и поголемото учество на еколошки горива, неспорно е потребно, но експертите потсетуваат на животниот стандард на населението

1321

Во предложените измени на Законот за возила што Владата ги достави до Собранието, предвидени се субвенции за купување електрични и хибридни возила, за вградување уреди за погон на течен нафтен гас (ТНГ), односно на плински уреди или уреди за друг вид алтернативно гориво, како и за купување ново возило, но доколку старото се одјави.  Целта на субвенционирањето е намалување на загадувањето на воздухот.

Според предлог-законското решение, во наредните три години за оваа намена од државната каса ќе се одлеат 12 милиони евра. Притоа, за 2019 година се наменети 2,8 милиони евра, за 2020 година – 4 милиони евра, а за 2021 година –  5,2 милиони евра.

Според Програмата за субвенционирање на купување нови хибридни и електрични возила што ја изготви Министерството за економија, се предвидува субвенција од 5.000 евра за набавка на електрично возило, а за набавка на хибридно возило субвенцијата е 3.000 евра. Во првата година е предвидено да се опфатат набавки на повеќе од 200 електрични и хибридни возила.

Со новите законски измени се предвидува и Програма за субвенционирање трошоци за вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во постојните возила. Во предложената програма е наведено субвенционирање на 50 отсто од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило, при што се предвидува да бидат опфатени повеќе од 1.200 возила на годишно ниво.

Истовремено со овој предлог-закон се предвидува Програма за субвенционирање на купување нови возила со одјава на старо возило.

Повеќе прочитајте во печатеното издание на „Слободен печат“.