Директорите на МЕПСО со антишок фотелји ќе се релаксираат од многу работа

Овие столчиња, како што стои во техничката спецификација на јавната набавка, се наменети за директорите и секретарката.

128

Столчиња во ергономски дизајн со огноотпорна пена и тапацирани со телешка кожа, набавува државната компанија МЕПСО.

Овие столчиња, како што стои во техничката спецификација на јавната набавка, се наменети за директорите и секретарката. Освен тоа, овие столчиња треба да имаат висок потпирач за грб и со антишок функција. Наслонот на столчињата треба да биде флексибилен и да се регулира според тежината на корисникот. Дополнително, треба да имаат гаранција од најмалку 4 години.

Покрај ова, МЕПСО на тендерот ќе набавува и кујни, столчиња, ормари…

Целата набавка се предвидува да чини 350.000 евра.

Заинтересираните фирми имаат рок до септември да достават понуда.

Извор: Плусинфо