Бил Гејтс: Платив 10 милијарди долари данок, но требаше да ми земат повеќе

Гејтс е еден од малкуте милијардери кои ветија дека најголем дел од своето богатство ќе го подарат во хуманитарни цели, наместо да го освојат на своите деца.

1919
Фото: курир.рс

Бил Гејтс смета дека платил премал данок и дека не заслужува да биде толку богат.
Шеесет и тригодишниот основач на компанијата „Мајкрософт“ и некогаш најбогат човек во светот, кој располага со богатство од околу 73 милијарди долари, смета дека тој и други бизнис магнати треба повеќе да придонесуваат.

-Платив повеќе од десет милијарди долари данок, но требаше да платам повеќе, изјави Гејтс за „Дејли Мејл“.

Гејтс, кој има три деца во 1975 година ја основа Мајкрософт, денес една од највредните компании во светот.

Гејтс е еден од малкуте милијардери кои ветија дека најголем дел од своето богатство ќе го подарат во хуманитарни цели, наместо да го остават на своите деца.

– Не сум го заслужил своето богатство. Никој не го заслужува. Тоа е резултат на сплет на околности, како што се добар тајминг, среќа и луѓе со кои соработував. Секако дека и многу работев и мислам дека софтвер е корисна работа, но и јас имав корист од целата структура. Не верувам дека би било добро за моите деца и општеството кога на нив би им ги оставил парите, истакна Гејтс.