Бектеши: Македонија ќе воспостави „one stop shop” и со Албанија

Целта е, како што рече Бектеши, зголемување на трговската соработка меѓу двете земји.

78

Македонија идната година ќе воспостави „one stop shop“ и со Албанија, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Целта е, како што рече Бектеши, зголемување на трговската соработка меѓу двете земји.

– Македонија е целосно посветена на зголемување на соработката со државите од регионот, на основање заедничка економска зона со што ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании- изјави министерот пред почетокот на јавната расправа во Стопанската комора на Македонија за придобивките на македонската економија од членството во НАТО и ЕУ.

Пред два дена, премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата на граничниот премин Табановце/Прешево најавија дека ќе почне реализацијата на проектот „one stop shop“ кој се очекува да го скрати времето на царинење и гранични контроли.