Ако за данок на изнајмување стан сте плаќале 840 денари, ќе плаќате 1.530 денари

Инаку, поголемата даночна стапка од 15 отсто за изнајмување на простор ќе важи независно од тоа колкав вкупен приход е остварен.

1854

Со новиот Закон за данок на личен доход, за оние што изнајмуваат станови и деловен простор, ќе има зголемување на даночната стапка од 10 на 15 отсто, но ќе се зголеми и даночната основица, поради тоа што со новото законско решение ќе се признаваат помали трошоци што закуподавачот ги има за наместен или за нанаместен простор, а кој се одбиваат од износот за кој се пресметува данок.

Сега како трошок за ненаместен стан се признаваа 25 отсто, а за наместен стан 30 отсто од остварените приходи од издавање. Со новата законска регулатива, која за овие даночни обврзници ќе почне да се применува од 2020 година, признатите трошоци за ненаместен простор ќе бидат 10 осто, а за наместен 15 отсто.

Ова значи дека ако годинава некој од изнајмување на наместен стан добива 12.000 денари месечно, даночната основица со признати трошоци ќе му биде 8.400 денари, а данокот ќе биде 840 денари. Но, со новото законско решение данокот ќе биде 1.530 денари.

Инаку, поголемата даночна стапка од 15 отсто за изнајмување на простор ќе важи независно од тоа колкав вкупен приход е остварен. Така, тие 12.000 денари можеби некому се и единствен месечен приход, но тој нема да плати 10 отсто данок, како кога би ги заработил од плата, туку ќе плати 15 отсто данок.