Бизнис секторот ја повика Владата да го почитува мислењето на ММФ

Дел од бизнис секторот во земјава смета дека Владата треба да го почитува мислењето на Меѓународниот монетарен фонд, но и дека тие претходно ги имаат испратено истите забелешки како и ММФ.

Во извештајот на ММФ се вели дека зголемувањето на минималната плата е мерка која можеби нема да биде ефективна во насока на намалување на сиромаштијата во земјата, посебно ако влијае врз формалното вработување. ММФ препорачува да се задржи конкуретноста со минимална плата која ќе биде правопропорционална со продуктивноста и да се осигура дека исплатата вистински се спроведува.

– Нас како Бизнис конфедерација не засегаат повеќе работи, како минималната плата, покачувањето на пензиите, задолжувањата, приходната страна на буџетот и полнење на буџетските фондови по основ на приходи и давачки – вели претседателот на Бизнис конфедерацијата, Миле Бошков.

Бошков додава дека иако Владата вели дека за минималната плата се правени консултации со нив, тој признава дека тоа биле наметнати информации и предлози, отколку што навистина се направи детална анализа или пак доколку се спореди моќта на малите и средните претпријатија во однос на она што ги очекува.

Прочитајте и...  Годинашниов гроздобер во Франција ќе биде многу порано од вообичаеното

– Законски предвиденото зголемување на придонесите при преговорите за минималната плата не беа земени предвид. Истата беше планирана и беше издржлива психолошки, ментално и шпекулативно до кај 13.500 денари, за што ние сметавме дека нема да биде драстичен скок за да се издржи, затоа што покрај зголемувањето за 2.000 денари има и зголемени придонеси. Во принцип ние како Бизнис конфедерација го предложивме субвенционирањето на платите и сметаме дека требаше прво тоа да се воведе, па да помине одреден период да се видат резултатите од оваа мерка, па потоа да се донесе мерката за зголемувањето на минималната плата – вели Бошков.

Фондот укажува дека зголемувањето на пензиите поголемо од законски нормираното усогласување со инфлацијата ќе предизвикува нагорен притисок врз трошењето, што повторно ќе ја наруши стабилноста на пензискиот фонд и, во крајна линија, ќе предизвика пораст на вкупниот буџетски дефицит.

Според пресметките на „Фајнанс тинк“, проектираното зголемување на пензиите во 2020 година ја запира консолидацијата на пензиските финансии и претставува извор на ризик за вкупните јавни финансии“, се вели во коментарот на „Фајнанс тинк“, во кој се истакнува дека според ММФ клучен потег за фискална консолидација е рационализација на расходната страна на буџетот, односно подигање на ефикасноста на трошењата.

Прочитајте и...  Шестмина патници не се појавиле на летот од Скопје за Финска попладнево

Вториот клучен потег за фискална консолидација е рационализација на расходната страна на буџетот, односно подигање на ефикасноста на трошењата. Зголемувањето на тековните трошења (како пензиите) ја поткопува ваквата консолидација, но „Фајнанс тинк“ оценува дека тоа нема да има ефекти врз (намалување на) капиталните трошења на краток рок.

– Ова е поради фактот што капиталните расходи и онака се предмет на значајна подреализација, и оттука, пред да се дискутира за создавање поголем фискален простор за капитални трошења, неопходно е да се надмине недостигот од структурни решенија како што се среднорочното планирање и приоритизација, како и техничките проблеми во реализацијата – стои во коментарот на „Фајнанс тинк“.

Од ССК уште пред извештајот на ММФ, ги потенцираа проблемите и од таму се со исти забелешки до Владата во врска со капиталните инвестиции и минималната плата.

Прочитајте и...  Народна банка: Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се непроменети

– Од оние информации кои циркулираат во јавноста, заклучокот е дека буџетот е наменет за зголемувањето на платите во образованието, здравството и зголемување на пензиите, но не и како тоа ќе помогне стопанството и граѓаните да добијат подобри услуги, бидејќи системските проблеми нема да се решат на овој начин ниту ќе порасне продуктивноста на компаниите кои го полнат буџетот за да можат да издржат повисоки плати и трошоци. Од друга страна, трпат капиталните инвестиции, поле на кое се потфрли изминатата година, имајќи предвид дека имаме стратешка заложба за инфраструктурно поврзување на Македонија за побрз проток кое треба да остане во приоритетите, но и дека на овој начин се стимулира работата на над 20 стопански гранки – беше објавено од страна на ССК при анализирањето на предлог-буџетот за 2020 година.

Прочитај повеќе

Над 50 лица се повредени во синоќешните протести во Белорусија

Слободен печат

Србија ќе воведе задолжителен ПЦР тест и 14-дневна изолација за странците

Слободен печат

Пропадна средбата на албанските лидери на денот на Охридскиот договор како што сакаше Ахмети

И понатаму ќе се транзитира низ Македонија без ПЦР тест

Мирослава Бурнс

Преговорите за идеален наставен модел од септември продолжуваат, МОН инсистира на часови со физичко присуство

Михаило Донев

Полог се дави во ѓубре, Русино нe е решение!

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Делегацијата на ЕУ во земјава со осуда за нападот врз ЛГБТИ активистот Беким Асани

МИА Агенција

Водата за пиење во Тетово безбедна и покрај дефектите и прекините

МИА Агенција

Уште три дена може да се купува со домашната платежна картичка

Комисијата за заразни болести побара дополнителни информации од МОН

МИА Агенција

Кому Пендаровски ќе му го даде мандатот во петок?

Весна Тодоровска

Во петок министерска средба на ЕУ за санкции кон Белорусија

Слободен печат