Бизнис клима за ИКТ индустрија – Како да се стимулира растот на работна сила во ИКТ?

фото: МИА

Претставници на бизнис заедницата од Битола посочуваат дека континуирана е потребата од човечки ресурси во ИКТ индустријата, а недостигот од работна сила може да се дополни со конкретни мерки.

Според Билјана Прличкова, оперативен директор на МАСИТ, Стопанска комора за ИКТ, потенцијалните предлози и решенија од бизнис заедницата ќе бидат проследени до надлежните институции за да придонесат за развојот на ИКТ во заедницата.

– Овој сектор е значаен за компаниите, но и за младите кои треба што повеќе да навлегуваат во ИКТ индустријата и да остануваат да работат во нашата држава. Растот на ИКТ секторот е значителен и видлив, ИКТ индустријата е извозно ориентирана и обезбедува девизен прилив, но проблем е тоа што има недостиг на квалитетни кадри и исто така е видлив трендот на иселување на квалитетните кадри од државата. Ние сакаме да расте бројот на вработени во македонските компании, посочи Прличкова.

На денешниот Форум во Битола беше соопштено дека во 2018 година во Северна Македонија, во околу 2.000 компании од овој сектор биле вработени се околу 13.000 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот