Бизнис форум за жени претприемачи од Западен Балкан

Регионалниот бизнис форум за жени претприемачи ќе се одржи на 16 и 17 мај 2019 година во хотелот Дабл три Хилтон во Скопје. Настанот е организиран од Програмата на ЕБОР за жени претприемачи од Западен Балкан, со цел да се разменат искуства помеѓу претставници од финансиските институции и жените претприемачи од регионот.

Програмата започна во октомври 2014 година, и има за цел да го промовира женското претприемништво, да го подобри пристапот до финансирање и консултантски услуги, како и да даде поддршка на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) од Западен Балкан кои се управувани од жени.

Програмата е финансирана од ЕБОР, Луксембург, Шведска и Италија со интегриран пристап кој ги таргетира жените од микро, малите и средни претпријатија во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Досега, Програмата обезбеди 40 милиони евра преку кредити достапни во седум партнерски банки во регионот и пристап до знаење за да им се помогне на компаниите управувани од жени да станат поконкурентни.

Обуки, менторство, коучинг и можности за вмрежување се исто така дел од Програмата со цел да им се овозможи на жените претприемачи да изградат мрежи за соработка, да ги зајакнат своите вештини и да споделат искуства со нивните колешки. Досега, вкупно 5.000 жени биле поддржани од оваа Програма.

На настанот ќе говори Министерот за економија Крешник Бектеши, а на истиот ќе учествуваат финансиски институции од Западен Балкан и клиенти на регионалната Програма на ЕБОР за жени претприемачи.

Излагања од водечки бизнис лидери, панел дискусии, работилници и дискусии модерирарни во соработка со учесниците ќе бидат на агендата на овој форум. Ќе се споделат резултатите и заклучоците од Програмата, како и најдобрите меѓународни пракси за финансирање на микро, малите и средни претпријатија управувани од жени.

Најдобрите службеници за кредитирање и најуспешните жени претприемачи помогнати од Програма на ЕБОР за жени претприемачи од Западен Балкан ќе бидат наградени на првиот ден од настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот