Бизарното минато на Пауло Коелјо: Поминал години во затвор и на психијатрија, а поради дрога бил на работ на смртта

фото:профимедија

Популарниот бразилски писател денес наврши 74 години, а неговиот живот пред да стане славен, бил сè само обичен не.

Неговиот роман „Алхемичарот“ објавен во 1988 година му донесе светска слава и држи Гинисов рекорд за книга преведена на најмногу светски јазици (повеќе од 70). Секој негов следен роман е светски бестселер и речиси не постои личност што нема прочитано барем една негова книга.
Овој генијален писател зад себе крие необична и помалку шокантна животна приказна.

Престој во психијатриска болница

Пауло Коелјо е роден на 24 август 1947 година, во Рио де Жанерио, а во моментов живее во Женева со сопругата. Иако релативно доцна почнал да се занимава со пишување, успеал да освои милиони луѓе низ целиот свет.

И покрај големата љубов кон пишувањето, никако не успеал да се избори со родителите што за него планирале поинаков живот. Неговата мајка сакала да стане инженер или адвокат, поради што неколкупати го праќала во психијатриска установа за да му ја „исфрли од глава“ лудата идеја да стане писател. Причина за тоа бил фактот дека во Бразил не можело да се живее од пишување книги.

Сепак, Пауло повеќепати изјавил дека им простил на родителите што не му давале поддршка кога му била најпотребна, иако престојот во ментален азил влијаел врз тоа да страда од краткотрајна меморија.

Фото: Instagram

Бунтовник и хипик

Пауло бил типичен бунтовен тинејџер и прилично лош ученик. Бил сиромашен и многу несреќен на училиште. Исто така, бил мета на насилници, а тој проблем успеал да го реши благодарение на својот талент за пишување феноменални приказни.

Откако запишал правен факултет по предлог на родителите, набрзо го напуштил и им се предал на дрогите. Патувал низ светот како хипик, а пред да почне да се занимава со пишување, бил актер, текстописец и режисер.

Поради својот политички активизам апсен е неколкупати. Уапсен е во 1974 година поради активност против тогашната воена власт, која ги гледала неговите текстови како левичарски и опасни. Киднапиран е заедно со неговата девојка, а деталите околу случката и понатаму се мистерија.

Фото: Profimedia

Пресврт во 38-та година

Благодарение на своето патешествие низ Шпанија на 36 години, Пауло доживеал преобразба. Во целост решил да му се посвети на пишувањето и така настанал неговиот прв автобиографски роман за патешествието, но дури неговата втора книга „Алхемичарот“ му донесе светска слава, многубројни награди и тираж од повеќе од 110 милиони примероци.

Интересно е тоа што Пауло токму овој роман го напишал за помалку од две недели. Романот е метафора за неговиот личен живот, препреки и пронаоѓање на својата лична животна цел, бидејќи низ главниот лик Пауло себеси си го поставува судбоносното прашање: „Зошто ми требаа десет години да го напишам својот прв роман?“.

Интересни факти за Пауло Коелјо што не ги знаете

  1. Пред пишување на секој роман, има еден необичен и малку бизарен ритуал. За да почне со пишување нова книга, го чека јануари во непарна година.
  2. Во 1996 година го основал институтот што им пружа поддршка на стари луѓе и на млади.
  3. Има сопствена издавачка куќа.
  4. Никогаш не зборува за името на книгата и за она што ќе пишува однапред, дури ни со сопругата, тоа за него е премногу интимен чин.
  5. Сака да пее.
Видео на денот