Бизарно, но помага: Властите на Сингапур ангажираа роботи кои ќе патролираат низ парковите потсетувајќи ги граѓаните за социјалното дистанцирање! (ВИДЕО)

принтскрин

Сингапур претстави решение со кои властите сакаат да се осигураат дека луѓето ја одржуваат пропишаната социјална дистанца.

Владата на Сингапур вчера најави дека на проба ќе пушти робот од компанијата Бостон Динамикс, кој ќе патролира низ паркот Бишан Анг Мо Кио, за да ги потсетува луѓето да држат сигурна оддалеченост едни од други.

Роботот наречен Спот ќе патролира во парковите и природните резервати со кои управува Одборот на национални паркови (НПаркс) и во парковите со кои управува градското собрание. Тие ќе емитуваат снимена порака потсетувајќи ги луѓето да внимаваат на раздалеченоста.

Спот е опремен и со камери за да може да го процени бројот на посетители во паркот. На интернет се појавија веќе и некои снимки од роботот додека патролира, па многумина ги нарекоа дистопијски.

„Една од најбизарните и најдистопијските работи кои можев да ги видам откако започна пандемијата“, била само една од реакциите на друштвените мрежи, пренесува Индекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот