БИЗАРНО: Индија ќе подигнува ѕид за Трамп да не го гледа сиромашниот кварт

Според критичарите ѕидот ќе биде изграден за да се блокира погледот кон сиромашниот кварт каде живеат повеќе од 2.000 луѓе.

Ѕид од тули долг половина километар ќе биде подигнат во индиската држава Гуџарат пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според критичарите ѕидот ќе биде изграден за да се блокира погледот кон сиромашниот кварт каде живеат повеќе од 2.000 луѓе.

– Бидејќи трошат толку многу пари на овој ѕид, зошто не би го искористиле за подобрување на нашиот кварт и за подобри услови за нас. Зошто не кријат нас сиромашните луѓе, изјави Кеши Сараниа.

Трамп за време на дводневната посета на Индија следната недела ќе го посети градот Ахмедабад во Гуџарат, каде ќе присуствува на настан „Поздрав до Трамп” на стадионот за крикет. Трамп ќе се вози по патот покрај сиромашниот кварт.

Во септември минатата година беше одржан собир „Здраво Моди”, кога Трамп беше домаќин на индискиот премиер Нарендра Моди во Хјустон.

Високата владина претставничка Биџал Пател изјави дека ѕидот се гради поради безбедносни причини, а не да го скрие сиромашниот кварт.

Покрај безбедносни причини, ѕидот е поставен поради разубавување и хигиена, посочи Пател.

Властите вчера наредија и иселување на 45 семејства кои живеат во друг сиромашен кварт во близина на стадионот за крикет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот