Бизарно: Докторот ја прогласил за мртва, а таа по неколку часа „оживеала“!

Фото: EPA / PETER FOLEY

Една мајка од Парагвај чудесно се вратила во живот и станала од кесата за телото, откако докторот претходно ја прогласил за мртва.

Гладис Родригез де Дуарте, кооја боледувала од рак на јајникот, била примена во болница во саботата наутро, откако и се качил притисокот – пренесува Њукорк пост.

Само два часа подоцна нејзиниот доктор Хериберто Вера по грешка ја прогласил 46 годишнта жена за мртва од рак на грлото на матрицата, а на сопругот и ќерката им ја предал умреницата.

За време на транспортот на телото до мртвачницата, работниците забележале дека телото се помрднува во кесата.

Оваа вест го шокирало семејството, а нејзиниот сопруг рекол дека ќе поднесе пријава против докторот, бидејќи ја прогласил за мртва и не сакал да ја лекува.

– Претпоставувал дека е мртва и ми го предаде нејзиното голо тело како да е животно со умреницата – рекол сопругот на медиумите.

Докторот негира дека дошло до грешка, за тоа што не можел да и го почуствува пулсот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот