Бизарни тврдења за здравјето на Џејми Фокс: Ослепел и се парализирал поради вакцината против ковид

Џејми Фокс / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

На интернетот се проширија бизарни и шокантни тврдења дека холивудскиот актер Џејми Фокс имал мозочен удар поради вакцината против коронавирусот, но неговиот портпарол остро го демантираше тоа.

Портпаролот на Фокс ја демантираше бизарната теорија на заговор што се прошири на интернет, според која актерот тешко се разболел како резултат на вакцинацијата против ковид-19.

Џејми (55) мистериозно се разболе и заврши во болница додека ја снимаше акционата комедија „Back In Action“ со Камерон Дијаз, по што беше хоспитализиран во болница специјализирана за лекување на возрасни со сериозни состојби, вклучително и закрепнување од последици од мозочен удар, иако неговата дијагнозата не е откриена.

Меѓутоа, сега на социјалните мрежи се проширија тврдења дека тој сериозно се разболел откако ја примил вакцината, почнувајќи од подкастерот Еј Џеј Бенц, кој во едно онлајн ток-шоу го изнесе шокантното и неосновано тврдење дека Џејми останал делумно парализиран и слеп откако ја примил вакцината.

Тој навел дека Џејми бил принуден да ја прими вакцината за да работи на новиот филм и дека згрутчувањето на крвта довело до мозочен удар, што претставниците на Фокс го демантирале и изјавиле за „Ен-би-си њуз“ дека овие тврдења се целосно неточни.

„Изјавите на Бенц се засноваат на негови сопствени доверливи извори, така што не можам да шпекулирам повеќе од она што го кажа во емисијата. Искрено се надевам дека грешат и дека г-дин Фокс целосно ќе закрепне. Нема докази и причина да верувам дека неговата здравствена состојба е директно поврзана со вакцината. Секој доказ за што било од тоа морало да дојде од неговите лекари“, рекол Пински во чија емисија сѐ започнало.

Тој додал дека ги поддржува и препорачува сите безбедни вакцини, но додал дека алармантен број на животи на луѓе се значително променети поради несаканите ефекти, здравствените проблеми и смрт на најблиските, како и дека некои знаци укажуваат на поврзаност со вакцините со мРНА.

Според последните информации, Џејми наводно имал мозочен удар, а оваа информација ја откри боксерот Мајк Тајсон.

„Тој не се чувствува добро. Рекоа дека е мозочен удар, немам поим како се случило“, рекол Мајк во гостувањето во подкастот „Valuetainment“.

Здравствената состојба на Џејми Фокс ги шокираше фановите и неговите блиски, а сите сѐ уште чекаат нови информации за неговата состојба.

Мајк Тајсон откри шокантни детали за Џејми Фокс: Имаше мозочен удар, не се чувствува добро!

Ќерката на Џејми Фокс конечно откри каква му е состојбата и каде се наоѓа

Џејми Фокс на чекор до смртта: Драматично спасување на славниот актер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот