Бизарни навики на најголемите ѕвезди: Ја пијат сопствената урина, ги мијат забите со јагоди…

Славните холивудски ѕвезди имаат чудни навики и опсесии од кои не можат да се ослободат со години. Додека некои се обидуваат да ги сокријат, други отворено зборуваат за тоа.

Актерката Меган Фокс има голем страв од користење прибор за јадење во рестораните. За неа е незамисливо да го користи истиот прибор кој пред неа го користеле којзнае колку луѓе. Од друга страна, нејзините пријатели се жалат дека актерката не пушта вода во тоалетот по извршена нужда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Еминем уште од мал сакал да спие во целосна темнина. Кога престојува во хотел, неговата соба мора да биде целосно затемнета бидејќи само така може да заспие.

Џенифер Анистон е позната по тоа дека е опседната со чистотијата, но е и многу суеверна. Таа секогаш влегува во авионот со десната нога и мора да ја намачка внатрешноста на авионот пред да полета.

Кај Дејвид Бекам сè мора да биде во линија или во пар. Ако стави конзерви за пиво во фрижидер, нивниот број мора да биде парен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Кети Пери е опседната со хигиената на забите, па секогаш носи 20 четкички за заби, а забите ги мие шест пати на ден. Исто така, не поднесува валкани очила за сонце.

Камерон Дијаз страда од опсесивно-компулсивно нарушување. Таа толку ги чисти кваките во својата куќа така што на крајот целосно ја отстранила бојата од нив. Во спротивно, ја отвора вратата со лактите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jose joaquin garcia (@malainfluenza)


Бред Пит не користи сапун „бидејќи во него има многу токсини“.

Памела Андерсон никогаш не се гледа во огледало затоа што се плаши од својот одраз.

Кетрин Зита-Џонс ги четка забите со јагоди.

Том Круз користи „природен ботокс“ од измет од славеј. Тврди дека тој намаз што го става на лицето преку ноќ му го подмладува лицето и му дава природен изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gossip Gossip (@gossip6629)

Пејачката Кеша изјавила дека со години ја пиела својата урина бидејќи мислела дека тоа ѝ дава сила.

Кристина Агилера не ги мие рацете по извршувањето на нуждата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Allzic Radio 🎶 (@allzicradio)


Џони Деп има чудна навика да не ја менува облеката. Понекогаш таа е во иста облека со недели.

 

Видео на денот