Бизарни коинциденции: Дали Симпсонови уште еднаш ја предвидоа иднината, овојпат катастрофалната експлозија во Бејрут? (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Profimedia

И додека светот се уште е во шок од вчерашните разорни експлозии во либанската престолнина, на социјалните мрежи веќе се споделува видео од епизода од Симпсонови, повторно со наслов „Simpsons did it again“ (Симпсонови го направија тоа повторно) дека предвиделе уште една случка. 

Пред триесет и една година, поточно на 17 декември 1989 година, емитувана е првата епизода од анимираната серија „Симпсонови“. Оттогаш до денес, оваа ултрапопуларна анимирана серија на гледачите ширум светот со речиси 700 епизоди (досега се направени 673 епизоди), со секојдневните случувања на Хомер, Марџ, Барт, Лиса и Меги Симпсон, преку сатиричниот и критичен пристап кон општеството им понуди многу забава. Но, она што ја импресионира масовната публика во нивниото повеќедецениско постоење е начинот на кој серијата е инкорпорирана во настаните кои всушност треба да се случат во иднината.

Самата серија набрзо по првото емитување стана еден вид на глобален феномен. Години во минатото, на децата во училиштата во САД им беше забрането да носат маици со ликот на Барт Симпсон бидејќи тој е „лош пример“.

Од друга страна, гостувањата на многу славни личности беше и е потврда за нивната успешност. Ал Џин, сценаристот на серијата, еднаш рече дека секогаш го фасцинирал фактот што луѓето секогаш се подготвени за соработка, особено во Велика Британија, и ја истакна како пример епизодата со тогашниот премиер Тони Блер.

Сепак, најголемиот и најспецифичен феномен за Симпсонови изминативе неколку години е дека тие неколкупати успеале точно да ја „предвидат“ иднината.

Што сѐ Симпсонови успеаја да предвидат досега?

Доналд Трамп како претседател на САД

Едно од нивните најпознати предвидувања, меѓу многуте други, е тоа дека Доналд Трамп ќе стане претседател на САД. Пред 19 години, групата на автори кои ја креираат серијата седнале и ги разгледале можности за тоа која позната личност би можела да стане претседател на Соединетите Држави. Тогаш одлучиле дека тоа би можело да биде тогаш активниот бизнсмен Доналд Трамп.

– Кога во 2000 година разговаравме за тоа која славна личност би можела да стане американски претседател, на памет ни падна дека тоа може да биде Трамп. Но, Трамп беше еден од 2.000 – рече Ал Џин, писател и сценарист на серијата. Самиот процес на „предвидување“ на иднината, односно настанувањето на серијата, членовите го опишаа како креативен процес кој им доаѓа како еден вид на психотерапија во кој многу се забавуваат, кажуваат шеги и на крајот доаѓаат феноменални решенија.

„Седите во соба со десет до 20 духовити луѓе. Можеби најдобро е кога Трамп ќе направи некоја глупост, па многу луѓе коментираат и се шегуваат на таа тема. Но да, многу се забавуваме – рече своевремено Ал Џин.

Некои одат толку далеку што во револтот на Лиса Симпсон против Трамп ја препознаа младата еколошка активистка Грета Тунберг од Шведска.

Коронавирусот!

Фановите на Симпсонови веруваат дека долгогодишната анимирана серија го предупредила светот за коронавирусот уште пред повеќе од 2 децении.

Како доказ ја наведуваат епизодата од 1993 година во која се работи за вирус наречен Осака Флу кој се шири низ Спрингфилд, откако жителите нарачале блендери од Јапонија.

Во епизодата еден од работниците кој ги пакува блендерите во кутии во Јапонија, се заразува со вирусот и случајно го праќа во САД. „Ве молам, немојте да му кажете на мојот надзорник дека имам грип“, вели тој пред да се искашла во кутијата. Потоа, откако блендерите пристигнуваат во Спрингфилд, повеќето жители се разболуваат, па се изолирани од останите.

Иако вирусот дошол од Јапонија наместо од кинескиот град Вухан, фановите на Симпсонови го „запалија“ Твитер со реакции.

Том Хенкс во изолација

Веста дека Том Хенкс е заболен од коронавирус беше како прва шлаканица на тврдењата дека „познатите не се  заразуваат со коронавурусот“. Излезе дури и вирално меме тврдејќи дека „Симпсонови“ ја предвиделе болеста на омилениот актер.

Хенкс во долгометражниот филм „Симпсонови“ од 2007 година се самоизолираше и вели: „Ако ме видите, оставете ме!“.  Ова предвидување е помалку нападно, дури и за емисијата која е заслужна за низа страшни предвидувања во минатато.

Кризата во Грција

Во јануари 2013 година, визионерите кои стојат за креирањето на оваа цртана серија емитуваа епизода во која на кајронот за време на едни ТВ вести оди насловот: „Европа ја продава Грција на E-Bay“.

Години подоцна оваа шега воопшто не им беше интересна на Грците, кои навистина паднаа во сериозна економска криза.

Kрајот на „Игра на тронови“ (Game of Thrones)

Во епизода од 2017 година, Барт, Лиса, Хомер и Марџ гледаат како змeј го уништува нивното село.

– Го сакам нашиот живот – рече Хомер во таа сцена, која неверојатно потсетува на онаа кога змeј го уништи градот King’s Landing во серијата „Игра на тронови“, која постигна вртоглава гледаност.

Легализација на марихуаната

Истражување на пазарот или чиста случајност, видовитите Симпсонови ја предвидоа и легализацијата на марихуаната во Канада.

Во епизодата стара 14 години, Хомер Симпсон, Нед Фландерс и Апу патуваат во Винипег во Канада за да пронајдат лекови на рецепт. Додека во една аптека ги купуваат потребните медикаменти, на Нед Фландерс му приоѓа негов двојник од Канада и во тој момент му нуди марихуана.

– Земи, овде е легално – вели канадскиот Нед.

Во Канада од 2018 година продажбата на марихуана и навистина стана легална.

Нобелова награда

Милхаус во 2010 година предвиде дека Бенгт Р. Холмстром ќе ја освои Нобеловата награда за еконимја. Тоа и навистина се случи, но дури во 2016 година.

Лејди Гага на Супербол

Во епизодата емитувана во 2012 година, Лејди Гага леташе над публиката на концерт, додека виси на жици. Пејачката на полувремето на 51-виот Супербол во 2017 година навистина прелета до сцената од покривот на стадионот и носеше слична гардероба како онаа во цртаната епизода.

Нападот на близначките

Меѓутоа, колку и Трамп да беше банално решение кое потоа стана вистинито, Симпсоновите минаа низ не толку нежниот радар на јавноста откако објавија епизода која подоцна е поврзана со терористичкиот напад на 11 септември на кулите-близначки во Њујорк.

„Талентот“ за предвидување на иднината создаде плодно тло за оние кои веруваат во теориите на заговор, особено по емитување на епизодата во која Симпсонови стигнуваат во Њујорк, а во неа има многу симболики и алузии на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.

– Членовите на семејството купија водич за Њујорк на кој заедно со фотографијата на познатите кули-близначки, стои и цената од девет долари, што личеше на датумот 9.11, но тоа всушност беше чиста случајност – појасни Ал Џин.

Во стотината епизоди имаше многу случувања кои ја предвидуваат иднината, но сѐ тоа е само, тврдат авторите, чиста случајност.

Фото: Принтскрин / Fox

– Ако на маса ставите доволно предвидувања, по законот на веројатноста 10 отсто од нив навистина ќе се случат – смета Ал Џин и додава дека тие се како некои футуролози, бидејќи има настани кои ги предвидуваат и по 10-тина месеци однапред.

Видео-повици

Во епизода од 1995 година во која Лиса се мажи, во еден момент таа и Марџ зборуваат преку телефон кој има и екран преку кој можат да се видат, нешто во оваа година беше навистина несекојдневно. Дури и филмовите не беа доволно креативни кога стануваше збор за комуникациите, па најчесто ги претставуваа телефоните од иднината со жица.

Паметни часовници

Идејата дека можеме да разговараме преку своите часовници, Симпсонови ја претставија во 1995 година, речиси 20 години пред на пазарот да се појави паметниот часовник на компанијата „Apple“.

Фото: Принтскрин/Фокс

Експлозијата во Бејрут, Либан?

И додека светот се уште е во шок од вчерашните разорни експлозии во либанската престолнина, на социјалните мрежи веќе се споделува видео од епизода од Симпсонови, повторно со наслов „Simpsons did it again“ (Симпсонови го направија тоа повторно) дека предвиделе уште една случка.

Тони нитрат експлодираа во пристаништето во Бејрут – гувернерот низ солзи говори за „најголемата национална катастрофа“ (ВИДЕО)

На исечкотот од епизодата се гледа како Хомер зборува со Апу, кој го носи во подрумот и му ја покажува пиротехниката која ја крие таму, сугерирајќи дека е совршена за прославта на националниот празник 4ти јули. Причината за големата експлозија во Либан во која загинаа над 100 лица, а 4.000 се повредени во Бејрут се најверојатно над 2.750 тони амониум нитрат, кои биле чувани во магацин за пиротехника во градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот